Кој е Сотир Лукровски, новиот градоначалник на Карпош

Сотир Лукровски e новиот градоначалник на скопската општина Карпош.

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.

Кој е Лукровски

Тој е дипломиран економист.

По потекло е од Егејска Македонија, е претседател на здружението “В’мбел Егеј“, и е повеќегодишен граѓански активист и борец за правата на Македонците во Грција, за што лани доби забрана за влез од три години кај јужниот сосед.

Работно искуство

Тој работи во приватниот сектор околу 30 години, а според неговиот профил на Linkedin, меѓудругото работел во Алкалоид од април 2010 до јуни 2012 година и во Medicus help од септември 2000 до април 2010 година.

Член е на ВМРО-ДПМНЕ од 1991 година.

Татко е на три деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Менди Ќира, новиот градоначалник на Струга

Кој е Владко Грозданов, новиот градоначалник на Кочани

Кој е Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица

Фото: Фејсбук/Лукровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести