Кој кандидат за градоначалник може да победи во првиот круг од локалните избори

Денеска во Македонија се одржува првиот круг од осмите по ред локални избори. Вториот круг е на 2. ноември.

Кандидат за градоначалник може да биде избран во првиот круг, ако добие мнозинство гласови од гласачите кои гласале, но само доколку на гласање излегле една третина од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список за општината.

Ако во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник не излезат една третина од вкупниот број запишани избирачи, се повторува целата изборна постапка.

Доколку никој не го добие потребното мнозинство во првиот круг, двајцата кандидати со најмногу гласови одат во втор круг, во кој победува кандидатот со поголем број гласови.

Доколку и во вториот круг не се избере градоначалник, Државната изборна комисија (ДИК) ја известува Владата во рок од 15 дена.

Членовите на советите на општините пак се избираат во првиот круг, преку пропорционалниот модел и примена на Д’Хондтовата формула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворени се сите избирачки места, кога ќе има првични резултати?

На колку ливчиња ќе треба да гласате на локалните избори

Денеска локални избори во Македонија

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести