Познати се кандидатите за нов претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија (ДИК).
Како што објави телевизијата „24“ за овие функции се пријавиле 15 кандидати и ја објави листата.
Дел од кандидатите веќе биле дел од ДИК, а дел извршувале и повисоки државни функции.
Бојан Маричиќ, кој е дипломиран правник од Скопје, се пријавил за претседател или член, Александар Даштевски, дипломиран правник од Скопје, се пријавил за член, Ангелчо Ристов, магистар по право, од Делчево, се пријавил за член, Викторија Аврамовска Мадиќ, магистар по правни науки од Скопје, се пријавила за член и потпретседател, Фезу Џафери, дипломиран правник од Чајле, Гостивар, се пријавил за претсетател, потпретседател и член, Светлана Карапетрова, магистар по економија, финансии, сметководство и ревизија од Тетово, се пријавила за член, Борис Кондарко, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, се пријавил за член, Марија Митановска Димовска, дипломиран правник од Скопје, се пријавила за член, Дитмире Шеху, дипломирана правничка од Гостивар, се пријавила за член, Даниела Маркоска, дипломиран правник од Скопје, се пријавила за претседател, Добре Јанчев, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, се пријавил за претседател и член, Ивана Костадиноска, дипломиран правник од Скопје, се пријавила за член.
Меѓу пријавените за функција во ДИК се и Бети Ѓорѓиеска, дипломиран инженер по електротехника од Скопје, Благоја Гешоски, доктор на дефектолошки науки од Прилеп и Елита Шуки, дипломиран правник со положен правосуден и нотарски испит од Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Што поседува претседателот Борис Кондарко
Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Што поседува Дитмире Шеху
Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Што поседува Александар Даштевски














