Во кои сектори во Македонија има плата од 1.000 евра

Тинк-тенкот „Фајненс тинк“, направи анализа на просечните плати по сектори за март, користејќи податоци на Државниот завод за статистика, а истата покажува дека во Македонија само во 12 дејности има просечна нето плата од над 1.000 евра.

Анализата насловена како „Кој добива плата над 1.000 евра во Македонија“, го покажува тоа што е веќе познато – највисока просечна нето плата има во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 115.577 денари.

Овој сектор со години е со највисока просечна нето плата.

На второ место е секторот Научно истражување и развој со 84.003 денари, а на трето Останати стручни, научни и технички дејности – 83.149 денари.

Просечната нето плата во март изнесуваше 48.433 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести