Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски, заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување од страна на Управата за финансиска полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пријавата ја заработи, бидејќи според Финаниската полиција, Бислимоски наместо да ѝ ја одземе лиценцата на Тритерол петрол ДООЕЛ Скопје на 15. јануари, и ја одземел дури на 14. април 2025 година, со што и овозможил корист од околу 230 илјади евра.
Бислимоски на прес-конференција посочи дека не го прекршил Законот за енергетика и Правилникот за лиценцирање и дека во РКЕ не постоел повластен статус за ниту една компанија и дека постапките при одземање на лиценци се утврдувани од сериозен тим од РКЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема да дозволам да биде извалкано моето име, вели Бислимоски по кривичната од Финансиската полиција
Која е Тритерол петрол
Тритерол петрол е друштво со ограничена одговорност основана во јуни 2013 година.
Сопственик (100%) на истата е Љупчо Пецов, познат под псевдонимот Ѓаволот, кој изминативе месеци е во фокусот, откако неговиот адвокат, поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, беше осомничен за поткуп од 50 илјади евра, (дадени од сестрата на Пецов), за да издејствува кај судија во Апелацискиот суд Скопје, Пецов да не оди во затворски притвор, за случајот „Синџир“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пецов на крај заврши во куќен притвор, а во меѓувреме поради него „падна“ и судијата од Апелација, Ѓоко Ристов. Како што е познато во домот на неговите родители во ѕид беа најдени 350 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како биле откриени 350. илјади евра во домот на судијата Ѓоко Ристов
Фирмата е регистрирана како друштво за трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Викендицата ја нема во анкетниот лист на судијата Ѓоко Ристов
Пецов, за кого Стафа зеде поткуп, сам се предал, и доби куќен притвор
Фото: Унсплеш













