Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, Алкалоид и НЛБ Банка, најтргуваните на Берзата во април

Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје останува најтргуваната на Македонската берза и во април.

Како што покажува месечниот билтен на Берзата со неа во тој период бил остварен промет од 147,5 милиони денари.

Следи акцијата на Алкалоид АД Скопје, со која е остварен промет од 80,8 милиони денари и акцијата на НЛБ Банка АД Скопје, со која е остварен промет од 25,6 милиони денари.

Во Топ 5 се и акциите на Стопанска банка АД Скопје и Македонски Телеком АД Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пад на прометот и бројот на трансакции на Македонската берза во април

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести