Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје во февруари остварила промет од 197,5 милиони денари и таа е најтргуваната акција на Македонската берза во февруари, покажува билтенот што го објави Берзата.

Со акцијата на Алкалоид АД Скопје е остварен промет од 62,8 милиони денари, а со акцијата на Макпетрол АД Скопје, 38,6 милиони денари.
Во Топ 5 се и акциите на НЛБ Банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје.













