Од Алкалоид АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Живко Мукаетов, претседателот на Управниот одбор и генерален директор на компанијата, купил 300 акции.
Тој сега поседува 131.300 обични акции на Алкалоид или 9,17% од вкупниот број на акции.
Акции купил и Виктор Стојчевски, член на Управниот одбор и директор на финансии. Тој купил 200 акции и сега поседува 0,70% од вкупниот број на акции.
Оливера Панева, член на Управниот одбор и одговорна за обезбедување квалитет и за интегрираниот менаџмент-систем на Алкалоид на корпоративно ниво, купила 50 акции и сега поседува 0,03% од вкупниот број на акции.
Ќире Ицев, член на Управниот одбор и директор на Службата за општи работи, купил 200 акции и сега поседува 0,69% од вкупниот број на акции.
Ѓорѓи Јованов, член на Управниот одбор и директор за акционерство и имотни прашања купил 200 акции и сега поседува 0,43% од вкупниот број на акции.
Купувањето на акции од страна на менаџментот на компанија покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се движела цената на акцијата на Алкалоид лани
Што предвидува бизнис-планот на Алкалоид за 2026
Алкалоид ќе исплати за 14,3% поголема дивиденда во однос на лани













