Директорот на скопското јавно претпријатие Комунална хигиена, Сабахадин Рустеми, е во фокусот на јавноста откако поднесе оставка од функцијата, а претходно од Основното јавно обвинителство Скопје беше осомничен за загрозување на животната средина и природата со отпадни материи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорот на Комунална хигиена си поднел оставка
Тој заедно со раководителот за отпад, Аки Саити, од Основниот кривичен суд Скопје, добија 30 дена затворски притвор.
Засега останува нејасно како претпријатието ќе функционира до поставувањето на нов директор.
Оваа следи откако со денови не се собираше сметот во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се раководи со Комунална хигиена, која е во фокусот поради сметот во Скопје
Колку советници и помошници имал Рустеми
Според податоци од официјалната страна на претпријатието, Рустеми, кој е кадар на ДУИ, имал неколку советници и помошници.
Главен асистент му е Зенун Матњани.
Го советува Делија Дарлишта, а помошник за организациски прашања, со овластување, му е Тoмислав Добревски.
Помошник пак за финансиско-правни работи му е Ќамил Ковачи.
Неколку раководители
Во претпријатието има и неколку раководители.
Раководител на Секторот за комунална хигиена е Зекирија Незири, раководител на Секторот за дополнителни дејности е Исљам Ибраими, раководител на Секторот за механизација, со овластување е Шкељќим Демири, раководител на Секторот за внатрешна ревизија е Виолета Димитриевска, раководител на Секторот за поддршка на менаџментот е Ана-Марија Бранѓолица, раководител на Секторот за човечки ресурси е Мерѓизе Муртезановска, раководител на Секторот за собирање отпад од правни лица е Мики Лазевски, раководител на Секторот за финансиско работење е Катерина Бошковска, раководител на Секторот за правни и општи работи е Ердуан Садики, раководител на Секторот за односи со корисници, со овластување, е Лејла Муча, раководител на Oдделението за јавни набавки е Ленче Стојковска, раководител на Oдделение – ЕКО патрола е Исмет Душки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил директорот на Комунална хигиена Рустеми, кој заврши во притвор
Кој е Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена, кој е приведен














