Контузија на главата, скршеница на носот и хематоми по целото тело има тешко повредениот ученик во училиштето во Сарај

Ученикот со потешки телесни повреди, кој е еден од двајцата ученици од основното училиште “Дитурије” во скопски Сарај, кои беа претепани од други шест ученици, има контузија на главата, скршеница на носот и хематоми по целото тело, информираа денеска од Основното јавното обвинителство Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Двајца ученици во училиште во Сарај претепани од други шест, едниот е со тешки телесни повреди

Другото дете пак има површинска рана на главата.

Децата на возраст од 14 години биле нападнати кога тргнале да си одат дома, на излезот од училишниот двор, а биле тепани со тупаници и клоци по главата и телото.

Обвинителството до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка за пет од учениците насилници, кои се сомничат за кривичното дело „насилство“, но и дека предизвикале чувство на несигурност и страв и кај други деца кои во тој момент излегувале од училиштето.

Тие се на возраст од по 14 и 15 години, а шестиот, бидејќи не наполнил 14 години, не може кривично да одговара.

-Имајќи ја предвид возраста на децата во судир со законот, но и потребата да се обезбеди непречено водење на постапката, јавниот обвинител на судијата му предложи да определи мерки на претпазливост – јавување во суд, одземање на патната исправа и забрана за приближување и остварување какви било контакти со оштетените деца, велат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести