Директорка на училиште во Виница си ја вработила ќерката во истото училиште иако таа немала соодветно образование

Директорка во основно училиште во Виница, Г.С. (45), си ја вработила ќерката С.С., во истото училиште како предметен наставник по математика, иако таа немала соодветно образование, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Договорот за вработување бил склучен на 27. јануари годинава, а со ваквата одлука директорката му нанела штета на буџетот на училиштето на име исплата на плати од 245.666 денари.

Таа заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести