Ленче Карпузовска меѓу 32. наградени комуникациски експерти од целиот свет

Ленче Карпузовска, менаџерка на комуникации (ПР и маркетинг) во ЕВН Македонија е меѓу 32. добитници на меѓународната награда PRO PR Globe People Achievement Awards.

„Наградата ми е особено драга, бидејќи доаѓа од врвни професионалци во светот, кои најдобро ги препознаваат сите невидливи битки и напори зад комуникациската сцена.

Ова искуство нема вистинска вредност доколку не се сподели со новите генерации – оние што треба да бидат уште подобри во новиот дигитален комуникациски свет. Наградата ја држам јас, но заслугата е заедничка со мојот тим“ изјави Карпузовска.

Наградите беа доделени во Подгорица, Црна Гора, во хотелот Хилтон. Беа доделени 32 награди на комуникациски менаџери од 13 земји.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести