Линеарното покачување на пензиите останува во сила, одлучи Уставен суд

Од Уставниот суд информираа дека ја заприраат постапката за оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година.

Со ваквата одлука престанува преиспитувањето на линеарното зголемување на пензиите и законското решение останува дел од правниот поредок.

Постапка не се отвара бидејќи немало мнозинство.

Постапката беше поведена поради сомневања дека ваквиот модел на зголемување може да ја наруши уставната еднаквост, правото на сопственост и принципот на социјална сигурност, бидејќи еднакво ги третира пензионерите без оглед на висината на нивните придонеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема линеарно зголемување на пензиите за македонските пензионери во странство

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести