Маж на возраст од 65 години починал вчера во окно од лифт на продажен објект на приватна фирма на подрачјето на скопски Бит Пазар.
Станува збор за А.С. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје починатото лице, според вработениот Б.С. (28) од Скопје, дошол во објектот за да ги посети.
Вработениот откако се качил службено на петтиот кат од објектот го известил починатиот дека лифтот не работи, а симнувајќи се надолу слушнал дека се вклучил алармот од лифтот затоа што вратите од лифтот на сите катови биле отворени.
Потоа на приземјето во делот на лифтот го пронашол на подот починатиот.
Неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














