Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој е во Турција за Бизнис форумот Македонија – Турција, имаше билатерална средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
За средбата Мицкоски информираше на Фејсбук, а на истата како што соопшти била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.



-На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа.
Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната, информира Мицкоски.
Вели и дека ја нагласил важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.
-Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес.
Во рамки на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот.
Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува, напиша Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада












