Мачадо му го даде својот медал за Нобеловата награда за мир на Трамп

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо, која е лидер на опозицијата во Венецуела, вчера се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во Вашингтон, САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добитник на Нобеловата награда за мир за 2025 година е Марија Корина Мачадо

На средбата таа му го даде својот медал за Нобеловата награда на Трамп, кој постојано порачува дека тој е најдобриот кандидат за оваа признаие и отворено го посакува истото.

Тој лани имаше неколку номинации за наградата, но не ја доби.

Мачадо порача дека тоа е признание за неговата посветеност за слободата на Венецуела.

Трамп пак на социјалните мрежи напиша дека тоа е прекрасен гест на заемна почит.

Тој како што е познато не ја поддржи Мачадо како нов лидер на Венецуела, откако САД воено интервенираше во Венецуела и го собори венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Трамп почна да соработува со новата в.д. претседателка на Венецуела, Делси Родригез, која пред соборувањето на Мадуро беше потпретседателка.

Од Комитетот кој ја доделува Нобеловата награда, откако пред неколку денови Мачадо најави дека ќе му ја даде наградата на Трамп, соопштија дека истата не може да се отповика, сподели или пренесе на други и дека одлуката е конечна и важи засекогаш.

Пред средбата на Трамп и Мачадо, Нобеловиот центар за мир соопшти дека медалот може да го промени сопственикот, но титулата на лауреат не може.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку нафта има Венецуела?

Која е Делси Родригез, в.д. претседателката на Венецуела

Кој е Николас Мадуро, кој го зароби САД

Фото: Бела куќа/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести