Креативност, урбана визија и одржливи решенија за градовите на иднината – ова се елементите што ги дефинираа проектите на 21. издание на Меѓународниот студентски архитектонски натпревар организиран од компанијата Saint-Gobain кој ќе се одржи во Белград од 23 до 25. јуни, 2026.
Повеќе од две децении, натпреварот стана еден од најважните меѓународни настани посветени на идните архитекти, инженери и дизајнери, нудејќи им можност да работат на реални теми, со конкретно социјално и урбано влијание.
Оваа година со свој проект учествува и три член македонски тим на студенти од Архитектонскиот факултет на УКИМ во Скопје, Анастасија Мојсоска, Ана Звездакоска и Деспина Јулоска, под менторство на професор Михајло Зиноски.


ПР-објава














