Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски за телевизијата Сител изјави дека македонските транспортери ќе можат да ги обезбедат професионалните визи за движење низ сите земји на Шенген зоната во хрватската Амбасада во Скопје, во нивните конзуларни претставништва или директно во Загреб.
Ваков систем од претходно има и во Швајцарија, која е дел од Зоната, а процедурите се при самиот крај и со Романија. Паралелно е отворена процедура и со Австрија.
Со ова проблемот за професионалните возачи по воведувањето на новиот систем за влез и излез од Зоната (ЕЕС), кој постоеше и претходно, е речиси целосно затворен.
Превозниците од Западен Балкан бараа да не се третираат како туристи, туку како професионални превозници, бидејќи во рок од 180 денови имаа право на престој во Зоната од 90 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш














