Малолетничка во Чаир нападната од две познанички, а друго девојче ги снимала

28-годишна мајка на малолетно девојче од Чаир, пријавила дека нејзината ќерка била нападната од две познанички, а друго девојче ги снимала.

„Синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријави дека околу 17 часот на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната.

Според пријавата во полиција девојчето било нападнато од две малолетни женски лица, кои ги познавала, а друга малолетничка со мобилен телефон го снимала целиот настан.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести