Марјан Цветковски, поранешниот директор на Македонската радио телевизија (МРТ) ќе ја води Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата 2028“.
Информацијата ја потврди градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој изјави дека Цветковски имал сериозно искуство.
Станува збор за фондација формирана од Град Скопје која ќе раководи со сите активности поврзани со спроведувањето на манифестацијата “Скопје европска престолнина на културата 2028“, како и со финансиите наменети за истата.
Цветковски беше директор на МРТ 15 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ













