Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на кого Апелацискиот суд Скопје му ја потврди казната од една година затвор, за случајот поврзан со изградбата на зградата на Општината, најави дека ќе се жали пред Врховниот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според него одлуката на Апелација била политички мотивирана, за да бил спречен на учестува на евентуални предвремени избори за градоначалник на Општината.
Меѓу друго на прес-конференција, кажа и дека пресудата на Судот била поврзана со актуелните случувања во Општината, откако градоначалник Сотир Лукровски отиде на боледување.
Бидејќи во пресудата му е пресметан и притворот, тој ќе треба да одлежи околу седум месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Неделчо Крстевски, кој ќе го заменува градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски
Каков имот пријавил Сотир Лукровски, градоначалникот на Карпош
Кој е Сотир Лукровски, градоначалникот на Општина Карпош
Фото/видео: Јакимовски/Фејсбук













