Апелација ја потврди затворската казна за Стевчо Јакимовски за изградбата на општинската зграда во Карпош

Од Апелациониот суд Скопје му ја потврдија затворската казна од една година на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Истата ја доби за предметот за изградбата на зградата на Општината.

Во изречената казна ќе му биде пресметано и времето поминато во куќен притвор во периодот од 19 март до 15. август 2019 година, што значи дека му остануваат за издржување уште околу седум месеци затвор.

Апелација истовремено ја уважи жалбата на Јакимовски во делот што се однесува на обвинението за злоупотреба на службена положба и овластување, па предметот во тој дел се враќа на повторно судење.

Фото: Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести