Жена пронајдена почината покрај реката Лепенец

Жена на возраст од 70 години вчера била пронајдена почината во селото Орман покрај реката Лепенец.

Нејзиното тело било во фаза на распаѓање, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје таа била идентификувана по картичката од автобус, која била на име Ј.М. од Скопје.

Нејзиното тело е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести