Богоев пуштен од притвор, Судот му ја прифати гаранцијата од 55.000 евра

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, со што се укинува мерката притвор што му беше претходно определена, информираа од таму.

Како што соопштуваат од таму, Советот постапувал по жалба со понудена гаранција од страна на Богоев, изјавена против решение на судија на претходна постапка од 4. јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што е осомничен Стефан Богоев: Детали од Обвинителство

„Определената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, во корист на Република Северна Македонија, а кој износ се депонира како гаранција за обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката,“ се вели во соопштението.

Дополнително, за него се определени и мерки на претпазливост согласно член 146 став 1 точка 3 од Законот за кривична постапка, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница.

Од Судот предупредуваат дека доколку осомничениот не се придржува до определената мерка на претпазливост, Судот може да определи други, построги мерки за обезбедување на неговото присуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стефан Богоев, кој заврши во притвор за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп

Каков имот пријавил Стефан Богоев, кој заврши во притвор за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп

Позната фирмата заради која Стефан Богоев заврши во притвор

Фото: Богоев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести