Кој е Стефан Богоев, кој заврши во притвор за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, е во фокусот на јавноста откако за случајот со злоупотреба при јавна набавка во Царината и за поткуп, заврши во притвор од 30 дена.

Станува збор за злоупотреба при тендер за чистење на граничните премини на Царината и за поткуп од 1.800 евра, а случајот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) по заедничката акција со Управата за финаниска полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 30 дена притвор за Стефан Богоев и другите осомничени за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп

Притвор добија и другите тројца осомничени – Д. Г., А. С. и С.М., помошник-директор на Царината, управител на фирма и вработен во истата фирма.

Тие се осомничени за сторени кривични дела – злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, примање награда за противзаконито влијание и давање награда за противзаконито влијание.

Одбраната на Богоев најави дека ќе ја обжали одлуката за притворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што е осомничен Стефан Богоев: Детали од Обвинителство

Кој е Богоев

Роден е во август 1989 година, во Скопје.

Дипломирал на Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје, бизнис администрација со фокус на финансии во јуни 2011 година.

Тој е и магистрант на Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје, отсек применета економија на англиски јазик.

Зборува и англиски јазик.

Политичка кариера

Во 2019 година е избран за член на Извршниот одбор на СДСМ.

Од октомври 2017 до 2021 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Карпош.

Беше реизбран за пратеник во македонското Собранието во декември 2016 година.

Во април 2014 година за првпат беше избран за пратеник.

Oд октомври 2013 година до 2018 година ја извршувал функцијата претседател на СДММ.

Член на Извршниот одбор на СДММ беше од 2011 до 2013 година.

Бил секретар на ЛК СДММ Карпош во 2010 година.

Директор на Царината стана во јуни 2023 година.

Бил и потпретседател на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За тендер во Царина приведени повеќе лица: Акција на Финаниската полиција

Фото: Богоев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести