Одбраната на Стефан Богоев нудела гаранција во пари и имот за да не оди во притвор

Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, нудела гаранција во пари и имот за да тој не оди во притвор за случајот со злоупотреба при јавна набавка во Царината и за поткуп.

Но, тоа не били прифатено, па тој доби притвор од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 30 дена притвор за Стефан Богоев и другите осомничени за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп

Неговата одбрана најави и дека ќе ја обжали одлуката на Основниот кривичен суд Скопје за притворот, која беше донесена на барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Во случајот станува збор за злоупотреба при тендер за чистење на граничните премини на Царината и за поткуп од 1.800 евра.

Притвор добија и другите тројца осомничени – Д. Г., А. С. и С.М., помошник-директор на Царината, управител на фирма и вработен во истата фирма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стефан Богоев, кој заврши во притвор за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп

За што е осомничен Стефан Богоев: Детали од Обвинителство

За тендер во Царина приведени повеќе лица: Акција на Финаниската полиција

Фото: Богоев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести