Маж на возраст од 71 година починал вчера откако претходно на 6. јуни со трактор излетал на локален пат.
Станува збор за В.А. од виничкото село Драгобраште.
По несреќата како што информираа од полицијата не побарал лекарска помош, а во болницата во Виница бил однесен вчера. Од таму бил препратен во болницата во Кочани, но по кратко време му се слошило.
Од екипа на Итна медицинска помош Виница бил направен обид за реанимација, но тој им подлегнал на повредите.
Во приватна здравствена установа во скопско Арачиново, пак вчера бил донесен починат И.Ш. (73) од скопското село Грушино.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје извршиле службен разговор со братот на починатиот, кој изјавил дека при стартување на трактор, на кој имало поставено собирачка за сено и кој бил ставен во брзина, тракторот почнал да се движи, при што И.Ш. го зафатила собирачката.
На пат кон здравствената установа, тој починал.
Фото: Унсплеш













