Маж од селото Битуше, Општина Маврово и Ростуше, кој од 29. мај се водел за исчезнат вчера е пронајден починат во селото Велебрдо во истата Општина, на местото викано Бразда.
Се работи за Р.Б. (76), информираа од полицијата, а неговото тело е дадено на обдукција, откако лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.