Вчера на две различни локации во тетовско се пронајдени починати мажи на возраст од 42 и 46 години.
46-годишниот Б.И. од Тетово, како што информираше Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово бил пронајден во угостителски објект во Тетово, на улицата „Илинденска“.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а неговото тело е предадено на неговото семејство.
42-годишниот Н.М. од селото Сараќино бил пронајден на пат од Сараќино кон селото Фалише.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информираа од полицијата.
Фото: Унсплеш