Мерко казнет со 10.000 евра и прогласен за виновен за назначување на в.д. директори на општинските училишта

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска од страна на Основниот суд Струга беше прогласен за виновен за сторени нерегуларности при назначувањето на вршители на должност (в.д.) во општинските основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

За него е изречена парична казна, во износ од сто дневни глоби или вкупно пресметано – десет илјади евра.

Судијата Јордан Јованов, меѓудругото рече дека при донесувањето на ваквата пресуда и пресметувањето на висината на казната имал во предвид повеќе олеснителни околности, пред се тоа што обвинетиот немал кривично досие, односно не бил претходно осудуван.

Според судијата, Мерко во овие предмети постапил спротивно на Законот за основно образование, посочувајќи дека постојат извештаи и записници од извршен надзор од Државниот просветен инспекторат со наведени членови каде е постапено спротивно законот.

Рече и дека во предметот се гледа дека директорите не биле избрани од редот на вработените и биле назначувани без објавен јавен оглас, без искуство од пет години и оти се бирани едноподруго, што исто така не е дозволено по закон.

Како олеснителна околност, Судот ја имал предвид и ситуацијата дека во секој сектор има недостиг од кадри и дека работата морало да се реши, а вработените да земаат плата.

Основното јавно обвинителство најави дека ќе ја обжали пресудата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рамиз Мерко ослободен за набавката на луксузното „ауди“, немало докази

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести