Македонската радио телевизија (МРТ) распиша конкурс за избор на директор и заменик-директор.
Кандидатите треба да имаат високо образование, да поднесат програма за работа на МРТ за период од три години, да имаат работно искуство од најмалку осум години во областа на комуникологијата, новинарството, информатиката, културата, економијата или правото и искуство со раководење организација од најмалку четири години.
Избраните на функцијата ќе можат да останат три години, со можност за повторен последователен избор.
Конкурсот трае 15 дена.
Актуелен директор на МРТ е Марјан Цветковски, кој на оваа функција е 15 години, од 2012.














