На Детска клиника се спојуваат два оддела бидејќи нема кадар

На Клиниката за детски болести се спојуваат одделите Имунологија и Пулмологија поради организација на дежурства, бидејќи нема кадар.

„Бидејќи не можевме со главната сестра никако да организираме сменска работа, организација на распоред за дежурства, бевме приморани привремено да направиме фузија на двата оддела, за да можеме да имаме на располагање сестри кои ќе покриваат дежурства.

Одделот Имунологоја не е укинат, тоа е привремено решение за да го пребродиме овој период кога немаме доволен број на кадар“, информираше денеска директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести