На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, Основното јавно обвинителство презентираше докази за сопственоста, имотот, правната и фактичката историја на „Пулс“.
Исто така беа презентирани и 19 записници од инспекциски увиди во кафе барот „Класик“, каде управител бил Митко Стојанов, а како што е познато и позади овој бар стои првообвинетиот Дејан Јованов Деко.
Меѓу друго за „Пулс“ беа презентирани документ и одобрение за градба издадени од Министерство за урбанизам и градежништво, документи од Гроздан Милковски, сопственик на имотот и објект каде се наоѓала и функционирала т.н. дискотеката, документација за легализација на безправна градба на дел од објектот, како и документација за легализација на дивоградба – доградба на објектот направена подоцна без соодветна документација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксидИнспекторите на ДПИ не направиле пропусти во надзорот на „Пулс“, тврди нивната одбрана
Меѓу повредените и 20 деца: 157 лица по пожарот во „Пулс“ биле со тешки телесни повреди
Фото: Игор Бансколиев














