Скопското кафуле „Ван Гог“ слави 40 години постоење со целодневна прослава

Култното скопско кафуле „Ван Гог“ оваа година одбележува голем јубилеј – 40 години постоење и континуирана работа, оставајќи длабока трага во ноќниот, музичкиот и културниот живот на главниот град.

По тој повод, на 6. јуни, сабота, на улицата Михаил Цоков бр.4, пред Општината Центар со почеток од 12:00 часот на пладне, па се до полноќ ќе се одржи целодневна прослава исполнета со музика, уметност, дружење и богата програма за сите генерации.

Во дневниот дел од програмата, најмладите ќе имаат можност да учествуваат во креативни работилници и цртање на штафелај, инспирирани од најпознатите дела на Винсент Ван Гог, додека вечерниот дел носи настапи на бендови, диџеи и вистинска атмосфера по која „Ван Гог“ е препознатлив со децении.

Четири децении „Ван Гог“ претставува место каде се создаваат пријателства, музички приказни и незаборавни спомени – простор кој генерации скопјани го чувствуваат како свој втор дом.

Ги покануваме сите љубители на добрата музика, уметноста и скопскиот дух да бидат дел од оваа уникатна прослава.

Програма:

12:00 Oтворање на настанот

12:30 Детски креативни работилници (изложба и мини сликарска работилница за деца во духот на уметноста на Винсент Ван Гог)

14:15 до 17:15 – Дџ Дени

17:15 до 18:15 Дџ Чарли

18.30 до 19:15 Дџ Илија Салса Академија

19:15 до 21 :00 – Дџ Вито

21:20 до 22:30- Дџ Пејчи и Дџ Диксон

22:30 до 00:30 – Breakdown Band.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести