Каков имот пријавил Александар Нацев, кој доби притвор за пожарот во Кочани

Поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Нацев, вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување имот и лица “Рубикон“, која ја обезбедувала т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, е во фокусот откако беше уапсен и заврши во притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

30 дена притвор за Александар Нацев, газдата на агенцијата која ја обезбедувала дискотеката во Кочани

Пред да биде осомничен за пожарот во Кочани, беше извршен претрес во Пробиштип, од каде потекнува, во Скопје, и во неговиот автомобил, од каде беше одземена документација поврзана со агенцијата.

Тој е поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

еМагазин разгледа што пријавил во 2016 година, кога станал директор, според податоци од mkopen.org.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Александар Нацев, новиот осомничен за пожарот во Кочани

Каков имот пријавил

На свое име има стан во Скопје, а на име на сопругата има куќа и земјиште во Радовиш, од наследство.

Вози „хонда“.

Тогаш имал и два кредити, кој според податоците од тој период, треба да се вратени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без лиценца остана агенцијата „Рубикон“ која ја обезбедуваше дискотеката во Кочани

Уапсен и сопственикот на агенцијата за обезбедување во дискотеката „Пулс“, кој е осомничен за трагедијата во Кочани

Фото: Нацев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести