25-годишниот мотоциклист, кој усмрти пешак кај „Жабар“ и притоа побегна, наместо во притвор во Шутка, бил пуштен на домашен притвор, пишува „Скопје1“.
Обвинителство се жалело на одлуката на судија на претходна постапка од Кривичниот суд, и се чека одлука на Кривичен совет.
„Фактот дека осомничениот веднаш по настанот избегал од местото на несреќата и извесен период бил недостапен за органите на прогонот, за јавниот обвинител е потврда за опасноста тој повторно да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода.
Освен тоа, станува збор претходно осудувано лице, кое и на критичниот ден направило две кривични дела едно по друго, што упатува на опасноста тој да го повтори делото или да стори друго кривично дело.
На тие основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот,“ информираат од Обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен 25-годишниот возач на мотор кој побегна откако усмрти пешак пред зграда кај „Жабар“
Фото/МВР