„Нема да гласам“ одговориле 28% од анкетираните, најголема доверба ужива Мицкоски-покажува анкетата на МКД.мк

На прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, најголем процент има одговорот „нема да гласам“ (28%) покажува анкетата на МКД.мк, направена од Маркет Вижн.

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5%, за СДСМ 6,2%, Левица 2,9%.. Кај албанските гласачи за ДУИ би гласале 12,1%, за ВЛЕН 10,7%.

Христијан Мицкоски ужива најголема доверба од лидерите на партиите 23,3%, Али Ахмети 5,5%, Венко Филипче 5,1%.

Анкетата била направена на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници, во периодот од 10 до 27 јуни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести