Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2026 година, изнесувала
46.159 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.2%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.3%, Рударство и вадење камен за 10.6% и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9.4%. 

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство за 5.7%, Други услужни дејности за 5% и Уметност, забава и рекреација за 4.6%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести