„Ни почина во раце“, родителите на тригодишното дете од Кавадарци бараат надлежните да испитаат можна лекарска грешка

Родителите на починатото тригодишно дете од Кавадарци кое завчера било донесено починато во Клиниката за детски болести во Скопје бараат надлежните да испитаат можна лекарска грешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тригодишно дете од Кавадарци донесено починато на Клиниката за детски болести

Како што информираа вчера од Секторот за внатрешни работи Скопје, неговата мајка во службен разговор кажала дека детето најпрво е однесено во Општата болница Кавадарци, од каде било препратено на Клиниката за детски болести во Скопје.

Детето од претходно имало здравствени проблеми.

Таткото на детето, Тони Стојанов за државната агенција МИА вели дека нивниот син им починал во раце на пат од Кавадарци за Скопје и дека во Кавадарци не биле сфатени сериозно.

– Во понеделникот сабајлето во дваесет минути за три часот ме разбуди сопругата со детето во рацете омалаксано и ми рече да станам брзо оти не е арно синчето. Најпрвин побаравме лекарска помош во Кавадарци, но ми се чини дека нашата ситуација не беше сфатена сериозно, вели тој за МИА.

Тој бара да се формира комисија која ќе ги утврди точните околности под кои настанала смртта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести