Од јануари за вршител на должност амбасадор на САД во Македонија е назначена Никол Варнс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја отповика американската амбасадорка во Македонија, Агелер
Таа доаѓа на местото на Анџела Агелер, која беше отповикана од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.
Варнс изминативе денови е во фокусот откако имаше бројни средби со македонски функционери, меѓу кои и со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Која е Варнс
Варнс е дипломатка од кариера и беше заменик-шеф на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје од 2024 година.
Во текот на нејзината кариера, Варнс водела различни тимови кои работеле во предизвикувачки места кои често имале потреба за помош за управување со кризи.
Служела како надзорен службеник за менаџмент за регионот на Југоисточна и Централна Азија, поддржувајќи од Вашингтон 13 мисии на САД.
Таа исто така служела во Њу Делхи, Доха, Варшава, Кингстон, Кишињев и Москва.
Нејзините задачи во Вашингтон вклучуваа служење како координаторка за помош во EUR/ACE, раководителка во Бирото за надворешни градежни операции, специјална асистентка во GTM и службеничка за управување на Мисијата во Авганистан.
Пред да се приклучи на Службата за надворешни работи, Варнс служела како волонтер во Мировниот корпус во Латвија каде предавала англиски јазик во средно училиште.
Дипломирала на Универзитетот Гонзага со двојна насока по политички науки и историја, и е добитничка на неколку високи престижни награди на Стејт Департментот.
Никол зборува македонски, руски и латвиски јазик. Таа е страствен љубител на спортот, музиката и животните и е горда мајка на два сина кои служат во Американската армија, стои во нејзината биографија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е американската амбасадорка Агелер, која заминува од Македонија
Фото: Влада














