Нов случај на насилство помеѓу малолетници во Македонија. И овојпат повторно малолетнички физички нападнале нивна врсничка.
Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје нападот се случил на игралиште во скопската општина Карпош, а истиот како и во другите слични напади бил снимен со мобилен телефон и споделен на социјалните мрежи.
Инцидентот на 10. октомври во полицијата го пријавил таткото на нападнатото девојче, Д.М. (39) од скопското село Бардовци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ало, имаме сериозен проблем со насилството помеѓу малолетниците!