Новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова, порача дека Македонија треба да се фокусира на исполнување на преземените обврски кон Европската унија (ЕУ), а не на барање конфликт со Бугарија.
За телевизијата БНТ, Петрова изјави дека Бугарија нема намера да отстапи од барањето за уставни измени, бидејќи не станувало за билатерален спор, туку однос меѓу земја кандидат и ЕУ.
Бугарската министерка рече и дека тонот од Софија бил „исклучително позитивен“, но дека од Скопје често не се гледало политичка зрелост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Усен демарш за бугарскиот амбасадор во Македонија за „северномакедонски“
Фото: МНР














