Колку заработува фирмата на Груевски во Унгарија

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој стана политички азилант во Унгарија, откако избега од Македонија во 2018 година, не е само во фокусот на македонските медиуми.

Деновие освен што унгарски медиум објави дека тој во 2022 година добил унгарско државјанство, друг анализира како работи и неговата фирма I.C.I.C. Kft во Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година?

Како што е познато таа заедно со него се наоѓа на т.н. црна листа на САД.

Унгарскиот медиум „444“ објави дека неговата фирма, која почна да работи во јули 2021 година и нема вработени, лани остварила приход од околу 9.600 евра.

Претходната пак имала приход од околу 11.600 евра.

Нема големи трошоци, бидејќи станува збор за консултантска фирма, па значителен дел од приходите секоја година му остануваат како добивка. Па, лани имал профит од околу 5.650 евра, пишува медиумот.

За разлика од 2024 година, лани тој не ја повлекол добивката како дивиденда, туку ја оставил во фирмата.

Од основањето на фирмата досега, Груевски од неа повлекол околу 45.800 евра дивиденда.

Според најновиот годишен извештај за работењето на фирмата, средствата на банкарската сметка лани пораснале од околу 22.600 на околу 25.450 евра, пишува унгарскиот медиум.

За првпат во 2024 година фирмата имала позначајна обврска од околу 7.070 евра, која лани пораснала на околу 9.330 евра.

Во кои области работи фирмата

Како што веќе пишуваше еМагазин, истата уште на старт имаше широк спектар на дејности – нуди бизнис-консалтинг, лиценцирана е и за трговија на големо со порцелан и производи за чистење, трговија на големо со храна, пијалаци и тутун, управување со средства, рекламирање, односи со јавност и комуникација.

Во 2022 година ги прошири своите бизнис-можности, регистрирајќи уште 10 дополнителни дејности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Предистрагата за бегството на Груевски затворена, остана мистерија кој му помогна во Македонија да избега

Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести