Во Македонија извесно време се шпекулира дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, добил унгарско државјанство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ваква информација, повикување се на извори во новата унгарска Влада, објави и унгарскиот медиум VSquare. Исто според медиумот го добил во 2022 година врз основа на „државен интерес на Унгарија“.
Медиумот повикувајќи се на друг владин извор објави и дека тој и понатаму е во Будимпешта, Унгарија, каде избега и стана политички азилант.
Со добивањето на државјанството, како што пишува медиумот, неговиот престој во Унгарија станува уште посигурен. Политичкиот азил може да се укине, но одземањето државјанство е далеку потешка правна постапка, пишува унгарскиот медиум.
За да се одземе истото би требало да се докаже дека е стекнато со измама или корупција.
Во вториот случај тамошното Обвинителството би требало да докаже вмешаност на највисоки претставници на поранешната влада на Виктор Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски има и фирма во Унгарија
Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција
Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција
Фото: Груевски/Фејсбук














