Дете на 13-годишна возраст загинало по сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Черкези.
Детето е од Черкези, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово, тоа со електричен тротинет се судрило со патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Ф.С. од Куманово.
По несреќата детето било пренесено во Општата болница во Куманово, каде лекар констатирал негова смрт.
Возачот на автомобилот бил уапсен и задржан во полициска станица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Загинатото 13-годишно дете било фудбалер на ФК Куманово
Фото: Унсплеш














