Македонија не се откажува од екстрадицијата на Груевски, независно од неговиот статус таму, велат од Министерството за правда

По информацијата дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во 2022 година добил унгарско државјанство, а која ја објави унгарски медиум, се огласија од македонското Министерство за правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година?

Од таму велат дека без разлика на неофицијалните информаци во врска со неговиот статус во Унгарија, каде избега и стана политички азилант, Македонија ќе ја продолжи постапката за негова екстрадиција во земјава.

Посочуваат дека тој останува македонски државјанин и е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки во земјава.

Од Министерството нагласуваат дека постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски има и фирма во Унгарија

Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести