Штипјанецот С.З. (54) кој ја уби со ловечки нож својата 84-годишна мајка е во фокусот на јавноста.
Како што објавивме тој ја убил неговата мајка во алкохолизирана состојба.
Тој е поранешен сопственик на позната кафана во Штип, а локалните медиуми објавија дека имал проблем и со коцкање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат идентитетот на штипјанецот кој ја уби мајка му
Штипската телевизија Стар објави дека ја изгубил кафаната и куќата откако се оддал на на алкохол и коцкање, по што почнал да ги малтретира своите најблиски.
Телевизијата објави дека неговата сопруга починала на психијатрија по три обиди за самоубиство, по што починале и нејзините родители, а неговиот татко починал со модрици, што се поврзува со насилство врз него.
Полицијата често реагирала во неговиот дом, но родителите ги повлекувале пријавите надевајќи се на подобрување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш