И денеска имало лажни дојави за бомби, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
На електронски адреси во две приватни училишта во Скопје и Музеј, утринава пристигнале пораки за наводно поставени експлозивни направи.
-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, наведуваат од МВР, од каде посочуваат дека се врши истрага за тоа кој е сопственик на електронската пошта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дојава за бомба во спортската сала „Јане Сандански“, каде што синоќа концерт одржа Девито














