Обвинителство оформи предмет по допрен глас за работата на Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Јавното обвинителство формираше предмет по допрен глас по информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи.

„Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, соопштија од Обвинителството. 

Работата на Центарот за социјални работи е во фокусот на јавноста, за нивно (не)постапување по трагедијата која се случи во скопски Карпош, кога мајка со дете во рака скокна од зграда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 48 часа притвор за Стојанче Јовановски, чија сопруга и ќерка загинаа во скопски Карпош

„Со 10 кривични пријави и да бидеш сѐ уште на слобода, ова е неверојатно“: Реакции за трагедијата во скопски Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести