Обвинителството бара притвор за мажот кој го оштети стаклото на вратата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети  од член 243 став 2 од Кривичен законик, информираат од таму.

-На 11. јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец.

Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

54-годишен маж од Скопје го оштетил стаклото на влезната врата на бугарската Амбасада

(Видео) Објавена снимка како е скршено стаклото на бугарската Амбасада во Скопје

Скршено стаклото на вратата на бугарската Амбасада во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести